Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес конференција ги престави мерките кои неговата партија ги предлага за справување со економската криза предизвиката од пандемијата на коронавирусот. Една од нив е сите вработени во јавниот сектор да бидат на минимална плата.
„Вработените во се она што се смета за јавен сектор, јавна администрација на државно и локално ниво ќе земат минимална нето плата од 14.500 денари за месеците април и мај. Важно е да се напомене дека оваа мерка не се однесува на вработените лекари и медицинскиот и помошен персонал, полицајците и војниците и тие што работат со нив и околу нив, за помагање за справувањето со Корона вирусот“, рече Заев.
Меѓу другите мерки тој предложи минимална плата за април и ма за секој работник во приватните фирми погодени од кризата да биде обезбедена од државата, да се обезбеди плата и за граѓаните што останале без работа поради кризата, сите функционери и раководители да бидат на минимална плата, претседателите и членовите на советите во општините, управни и надзорни одбори на јавни институции да работат без надоместок, да се запре Законот за извршување до крајот на јуни, да се одложат кредитите и други мерки.