Во Црна Гора објавени имињата на луѓето кои се во самоизолација

Црна Гора- центар за карантин во Подгорица, 19.03.2020

Националниот координациски тим за заразни болести на Црна Гора, како што соопшти владата во Подгорица, во согласност со Агенцијата за заштита на личните податоци, ги објави имињата на луѓето на кои им се издадени решенија за самоизолација во времетрањето од 14 дена поради опасност од ширење на коронавирусот.

Имињата се објавени нешто пред полноќ на страницата на владата на Црна Гора и се поделени според градовите во кои се наоѓаат.

Владата соопшти дека одлуката е донесена откако е утврдено дека поединци на кои по влегувањето во Црна Гора од странство им е изречена оваа мерка, не ја почитувале и ги напуштале своите домови.