Хрватскиот претседател и врховен командант на вооружените сили Зоран Милановиќ денеска го посети сместувачкиот камп пред болницата Дубрава во Загреб, посочувајќи дека нема потреба од воведување целосен карантин или вонредна состојба .
„Ако навистина има потреба од подрастични, екстремни мерки како што е карантинот, тогаш тоа вклучува прекинување на работата на Парламентот, а тоа е она што сакам да го избегнам“, рече Милановиќ.
Денеска во Хрватска беа регистрирани 40 новозаболени со што вкупниот број на заболени од коронавирусот во таа земја се искачи на 168 лица.