Министерството за надворешни работи во соработка со Министерството за транспорт и врски ќе организира хуманитарни летови и конвои за да можат околку 2.300 граѓани кои се заглавени во меѓугранични простори или по аеродроми или им треба помош да си дојдат дома. Заинтересираните треба до недела до 18 часот да се пријават во најблиското конузларно претствништво. Сите кои на ваков начин ќе пристигнат во земјава ќе бидат во задолжителен државен карантин 15 дена.
„Се работи за големи трошоци, голема организација, нема да може државата редовно да врши организација на вакви хуманитарни конвои. Ние мораме сега да помогнеме. Не е време за патување во странство“, рече на денешната прес-конференција во Владата министерот за надворешни работи Никола Димиров.
Граѓаните, рече министерот, можат да се пријават на е-маил адресите и телефоните на ДКП на РСМ во земјите каде што се наоѓаат или во најблиското во соседната земја или во земјата од регионот.Тој појасни дека пред неколку денови МНР упатило апел до нашите граѓани кои се затечени меѓу граници, на аеродроми кои што се затворат или се откажуваат летови, на кои што им треба помош за да си дојдат дома и оти по направениот пресек има околу 2.300 македонски граѓани низ целиот свет. Основната концентрација, рече, е во европските земји.
Владата, појасни Димитров, одлучи сите граѓани што ќе дојдат во поголеми групи со хуманитарните летови да бидат во задолжителен државен карантин во траење од минимум 15 дена за истовремено покрај државниот интерес да си дојдат дома и заштити здравјето на населението што е веќе во татковината. Министеротинформираше дека вчера во Црна Гора бил направен обид да се донесат група наши граѓани кои биле во Истанбул и да ги качат на хуманитарниот лет од Владата на Црна Гора, но штом чуле дека ќе бидат во задолжителен карантин ниту еден од нив не сакал да ја искористи оваа можност.
„Ова ако е индиција и илустрација можно е оваа бројка на наши граѓани и да опаѓа. Бројките ќе варираат“, рече Димитров.