Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, во телевизиското обраќање за почетокот на новата Персиска година оцени дека американските санкции ја принудиле земјата да стане самодоволна, бидејќи ги натера Иранците да го зачуваат единството.
Иран бара пари од ММФ за борба против коронавирусот
Поделбите меѓу Техеран и Вашингтон се зголемија уште од 2018 година кога американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече Соединетите држави од нуклеарниот договор со Техеран од 2015 година и повторно и воведе санкции на земјата, осакатувајќи ја нејзината економија. „Иран имаше корист од санкциите на Америка“, рече Хаменеи, кој изгледаше здрав и покрај гласините дека бил заразен со новиот коронавирус од кој во Иран досега починале 1.284 луѓе.