Италија потврди уште 427 смртни случаи на коронавирус во изминатите 24 часа, со што бројката достигна 3.405 - со што ја надмина Кина, каде што епидемијата почна кон крајот на минатата година.
Кина регистрираше 3.245 смртни случаи од почетокот на јануари
. Сепак, Италија има многу помалку потврдени случаи: 41.035 заклучно со 19 март отколку 80.907 во Кина.
Откако италијанските болници објавија дека се преполни, премиерот Џузепе Конте рече дека владата ќе ги продолжи мерките за ограничувања наметнати на 10 март.
Ограничувањата им овозможуваат на Италијанците да патуваат само до работа, поради медицински причини или вонредни состојби, додека повеќето продавници, освен оние што продаваат храна и аптеки, треба да останат затворени до 25 март.
Кинеските власти соопштија денеска дека Вухан, градот кој беше епицентарот на епидемијата и неговата околна провинција Хубеи немаат нови случаи на корона вирус.