Тестирани 22 лица, до 11 часот нема нови заразени

Илустрација

Министерството за здравство соопшти дека по синоќешното тестирање на 22 лица, ниту едно од нив не било позитивно на коронавирус. Со тоа, бројката на заболени со коронавирусот во земјата останува на 42 лица.

„Пациентите се стабилни и кај ниту еден нема влошување на состојбата. Во текот на денот епидемиолозите ќе работат на мапирање на контактите на пациентите кои вчера беа дијагностицирани на коронавирус, а на служба во Дебар заминува педијатар од Скопје. Во авионите кои вчера пред затворање на аеродромот слетаа во Скопје немаше патници суспектни на болест. Сите патници се во задолжителна само-изолација“, соопшти Министерството за здравство.