Некои од сегашните, не само американски, туку и светски лидери како да го пресликаа ова и во борбата против коронавирусот.
Претседателот Доналд Трамп го нарече: „невидлив непријател“, можниот претседателски кандидат Џо Бајден вели: „ние сме во војна со вирус“, а неговиот демократски ривал Берни Сандерс оценува: „мора да дејствуваме драматично, смело“.
Спротивно на тоа, на социјалните мрежи се појавија оценки како на пример: „Вашите баби и дедовци беа повикани во војна. Вие сте повикани да седите на вашиот кауч. Вие го можете тоа“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Појавата на коронавирусот и методите што и се препорачуваат на јавноста за да се спречи неговото ширење, тешко им паѓа не само на некои Американци и тоа не е изненадувачки.
Литературата, филмовите и рекламите секогаш покажуваа поинаку.
Главната митологија низ поголемиот дел од историјата на земјата до терористичкитe напади врз САД на 11 септември 2001 година беше за да се направи она што треба е да не се остане дома.
„Почнуваме да гледаме дека традиционалните начини на кои Американците можат да се справат со неволјите сега не се доволни“, вели Дарил Ван Тонгрен, предавач по психологија на колеџот „Хоуп“ во Мичиген.
"Дел од тоа е затоа што коцките не се вклопуваат: борбата со невидливиот коронавирус е многу апстрактна и се бара од нас да бидеме цврсти на начин што е сосема различен од досега”.
Овој пат, за разлика од Втората светска војна или нападите во 2001 година не постои човечки непријател, туку самата природата која притаено молчи.
Како војна, оваа е конфигурирана далеку поинаку од оние на кои сме навикнати да ги гледаме и водиме.
И драматичното, смело дејствување за повеќето ќе биде еднакво на хибернација.
Лоренцо Сервитје, е доцент по медицина чија претстојна книга, „Медицината е војна“ истражува како викторијанската Англија научила да го разбере медицинскиот напредок преку војните.
"Оваа „војна“, вели Сервитје, е сосема поразлична од стандардите на Холивуд. Досадна е, тешка, предизвикувачка. Никој не трча наоколу со мачети и се бори против луѓето кои стануваат канибали преку ноќ. Се обидувате да ги школувате вашите деца и да управувате со финансиите од дома, односн да го менувате начинот на кој работите".
"Сметаме дека ако се бориме доволно напорно ќе го победиме непријателот. Но, тоа може да предизвика да ги игнорираме мудрите совети од експертите “, додава Ван Тонгрен, прецизирајќи дека наместо мускули сега е потребно нешто друго.
За историчарката Ненси Бристоу „постои наратив на акција што може да коегзистира со наративот за социјална дистанца“.
„Да се остане дома, да не излегува во самопослуга и да се користи социјална дистанца - тоа е акција“, вели таа.
Значи, повикани сте да седите на вашиот кауч. Дали можете да го направите ова? Дали тоа ќе биде следното американско поглавје?
„Американците честопати сакаат да знаат што да прават“, вели Џон Баик, историчар на Универзитетот во Масачусетс.
“Ако тоа е засолнување дома, миење раце и непреземање непотребни ризици, тоа е она што мора да биде“, вели тој, заклучувајќи: “Тоа нема да биде убав филм. Можеби ќе биде одлична серија - во 45 епизоди. Се надевам дека и Том Хенкс ќе игра во неа“.