Во Италија, за еден ден починаа 475 луѓе, најмногу во една земја досега

Милано

Во Италија починаа 475 луѓе во пандемијата на коронавирус во последните 24 часа, што е најлошиот биланс досега забележан во една земја за еден ден.

Вкупниот број на починати од КОВИД19 се искачи на 2.978, што е многу блиску до бројот на починати во Кина, односно 3.224 лица.

Коронавирус - мали совети против невидливиот непријател

Регионот, Ломбардија, плаќа највисока цена со две третини од вкупниот број на починати. Претходниот дневен рекорд за смртни случаи во Италија беше неделата, кога за еден ден починаа 365 луѓе. Во Кина никогаш немало толку смртни случаи од новиот коронавирус за еден ден.