Германија ќе преправа хотели и големи хали во болници, за да се зголеми капацитетот на службата за интензивна нега на заболените од коронавирусот КОВИД-19, соопшти денеска германската влада.
Германија исто така планира да го удвои бројот на кревети за респираторна асистенција во болниците, за да може да ги примат пациентите заболени од коронавирус. Германија сега има околу 25 илјади такви кревети, повеќе отколку што имаат Франција или Италија.
Во Германија досега има околу 12 илјади заболени од коронавирус, од кои досега починаа 28 луѓе.