Има доволно резерви на пченица, нема неконтролиран извоз, ниту камиони полни со македонска пченица се извезуваат во Косово, реагира Министерството за економија, откако дел од медиумите објавија дека има резерви за само 26 дена.
„Некои медиуми денеска објавија дека камиони со македонска пченица се извезуваат во Косово и дека имаме резерви за само 26 дена. Министерството за економија им порачува на ваквите медиуми што шират лажни вести дека треба да се засрамат посебно во ваква кризна ситуација во државата предизвикана од коронавирусот. Апелираме до сите граѓани дека имаме доволно резерви на пченица и на брашно во државата. Дополнително Министерството за економија донесе одлука и ја достави до Владата за забрана за извоз на пченица и брашно во други земји“, соопштува Министерството.
Тие потсетуваат дека објавувањето на лажни вести согласно заклучок на Владата се казниво по Закон.