Заменик-премиерот на Косово Хаки Абази, синоќа изјави дека премиерот Албин Курти не се согласува со предлогот на претседателот Хашим Тачи за воведување вонредна состојба во Косово заради пандемијата на коронавирусот. Абази прецизира дека премиерот рекол оти станува збор за екстремна одлука што не е потребна затоа што косовските институции досега ги презедоа сите мерки за спречување на вирусот за што добија пофалби од меѓународните претставници и од американскиот амбасадор во Косово. Ситуацијата е под целосна контрола и нема потреба да се воведе вонредна состојба, рече Абази. На Косово досега се заразени 19 лица.