Во Србија полициски час и забрана за излегување на стари лица

српскиот претседател Александар Вучиќ

Од денеска од 10 часот во сите градови во Србија ќе биде забранет излез за сите постари лица од 65 години, а во селските средини излезот ќе биде забранет за лицата постари од 70 години, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, синоќа на вонредна прес конференција.

Во Србија привремено стопиран изборниот процес

“Војска ќе ги преземе сите гранични премини, мигрантските центри, болниците и другите објекти”, изјави Вучиќ, објаснувајќи ги најновите мерки на Србија во борбата против пандемијата на коронавирус. “За два до три дена ќе бидат укинати сите автобуски и железнички линии, бидејќи целта ни е луѓето да останат во своите домови”, реќе Вучиќ..