Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот за референдум за уставните амандмани со кои се отвора можноста тој да остане на власт уште 16 години. Со указот се одредува референдумот да се одржи на 22 април, но како што рече Путин, гласањето може да се одложи „ако ситуацијата го бара тоа“, бидејќи Русија, заедно со светот, се бори да ја спречи пандемијата на коронавирусот.
Русија ги затвори границите за странци
Русија, која досега има пријавено скоро 100 случаи на вирус, но нема смртни случаи, презеде мерки за да го намали ширењето на болеста КОВИД-19 која го предизвикува овој вирус, вклучително и забрана за влез на странски државјани, барем до 1 мај.