Светската здравствена организација денеска ги повика лицата кои развиваат симптоми слични на оние за КОВИД 19 да не земаат ибупрофен без лекарски рецепт.
Повикот уследи по предупредувањето на францускиот министер за здравство Оливие Веран за внимателно земање антиинфламаторни лекови како што се ибупрофен и кортизон кај луѓе заразени со коронавирус.
Експертите се поделени околу позицијата на францускиот министер.
„Колку што знам, нема научни докази дека ибупрофен може да ја влоши состојбата заразена со Ковид-19“, посочува “, рече Муг Чевик, истражувач на шкотскиот универзитет во Сент Ендру.
Сепак, некои експерти велат дека советот на францускиот министер е во согласност со општите препораки на неколку земји за земање антиинфламаторни лекови, иако нивната специфична врска со коронавирусот не е јасна, пренесува Си-Ен-Ен.
„Постојат добри причини да се избегне ибупрофен бидејќи може да ја влоши состојбата на луѓето кои имаат проблеми со бубрезите, или се во полоша состојба заради други болести, вклучувајќи го и Ковид-19“, изјавиРуперт Бел, од британскиот институт „Франсис Крик“.
Во исто време, експертите ја критикуваа препораката на Британската национална здравствена служба дека луѓето во самоизолација треба да земаат ибупрофен против коронавирусот.