Столтенберг: Честитки, Северна Македонија!

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја поздрави одлуката на Шпанскиот сенат кој денеска го ратификуваше протоколот за членство во НАТО на Северна Македонија. На својот твитер профил тој напиша:

„Шпанскиот Сенат штотуку го ратификуваше членството на Северна Македонија во НАТО. Со тоа сите земји членки и посакаа добредојде на наскоро 30-тата земја членка. Честитки, Северна Македонија“, напиша Столтенберг на својот твитер профил.