Во Србија привремено стопиран изборниот процес

Белград

Републичката изборна комисија на Србија донесе одлука да ги прекине сите изборни активности за спроведување на парламентарните избори во земјата кои се распишани за 26 април. "Со оваа одлука привремено се прекинува изборниот процес додека трае вонредната состојба предизвикана од ширењето на коронавирусот и тој ќе продолжи откако ќе се донесе решение за прекинување на вонредната состојба", изјави претседателот на Републичката изборна комисија Владимир Димитријевиќ.

Србија прогласи вонредна состојба поради коронавирусот

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 4 март ги распиша парламентарните избори за 26 април, кога треба да се одржат и покраинските и локални избори. Вонредната состојба поради ширење на коронавирусот во Србија беше воведена во неделата вечерта, на 15 март. Повеќе политички субјекти, вклучително и оние кои го најавија бојкотот на изборите, претходно ги прекинаа активностите и побараа одложување на изборите.