Американски сенатори ја обвинија Кина дека ширела дезинформации за потеклото на коронавирусот за да го прикрие лошото справување на појавата на вирусот што сега им се заканува на животите на десетици илјади луѓе во светот. Републиканските сенатори, сите членови на Комитетот за надворешни односи во Сенатот наведуваат дека официјални претставници на Кинеската комунистичка партија и државните медиуми шират обвиненија дека американската армија го довела вирусот во Вухан, кинескиот град каде што во декември се појави новиот коронавирус.
Коронавирусот е нова нормалност – тука е за да остане
Кина уште во декември знаеше дека КОВИД-19,болест што ја предизвикува коронавирусот, е смртоносна и брзо се шири, но сепак ги замолчи лекарите и новинарите. Сенаторите во своето писмо сметаат дека „овие погрешни чекори придонеле за сериозната состојба со која се соочува целиот свет денес“. Коронавирусот инфицирал повеќе од 181,000 луѓе на глобално ниво, вклучувајќи повеќе од 100,000 надвор од Кина.