Бројот на заразени со новиот коронавирус ширум светот го надмина бројот на заразени во Кина за прв пат од појавата во минатата година. Според американскиот универзитет Хопкинс, повеќе од 87.000 луѓе се заразени надвор од Кина, каде што здравствените власти велат дека има 80.860 случаи. Смртните случаи, исто така, за прв пат го надминаа бројот на починати во Кина, бидејќи вкупната бројка достигна 6.513.
Берзите „заразени“ од коронавирусот
Брзото ширење на вирусот се заканува дека ќе ја натера глобалната економија во рецесија, бидејќи деловните активности привремено се затворија, принудувајќи ги централните банки да преземат екстремни мерки за да ги намалат нервозните финансиски пазари. Низ цела Европа, неодамна прогласена од Светската здравствена организација како епицентар на пандемијата што за прв пат беше откриена во Кина во декември, многу држави ги затворија границите и ги ограничија меѓународните патувања во обид да го запрат ширењето на смртоносниот нов коронавирус.