Граѓаните од државата ќе може да излезат само низ граничниот премин кон Бугарија – Деве Баир, без ограничувања, како и граничниот премин Аеродром Скопје, информира денеска Министерството за внатрешни работи. Во нивното последно соопштение е наведено дека македонските држајвани ќе може да влезат во земјава на граничните премини Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и Аеродром Скопје. За странските државјани кои доаѓаат од високо и средноризични земји влезот во земјава е забранет на сите гранични премини.
„Воедно, Министерството за внатрешни работи е активно вклучено во спровод и конвој на заглавените товарни возила во меѓуграничниот простор“, соопшти МВР.
МВР во асистенција на Државниот пазарен инспекторат учествуваше во затворање на 7 угостителските објекти во северниот дел од Скопје кои не ги почитуваат владините мерки.