Илјадници Бугари излегоа на своите балкони синоќа за да им аплаудираат на лекарите и медицински сестри во првите редови во справувањето со коронавирусот. Премиерот Бојко Борисов најави дека сите лекари вклучени во лекувањето на пациенти со коронавирус ќе добијат бонус од 560 долари месечно.
Потврдените случаи во Бугарија се над 50. Две лица починале од инфекцијата. Земјата прогласи вонредна состојба до 13 април, затворајќи ги училиштата и забранувајќи масовни собири.