Државната изборна комисија побара од државниот врв да ја преиспита одлуката за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април. Членовите на ДИК на денешната седница, укажаа дека не станува збор само за денот на изборите, туку дека во овој процес се вклучени многу луѓе кои меѓусебно треба да комуницираат.
Само членови на избирачките одбори се 35.000 луѓе, а дополнителен е и бројот на членовите во ОИК, а во организација на изборите е вклучен и огромен број административно технички и логистички персонал. Треба да бидат заменети 3.200 лица од медицинскиот персонал кои што се членови на избирачките одбори и ОИК.