ФОТО РЕПОРТАЖА - Кризна состојба во Дебар, 14 март
Мал број граѓани денеска можеа да се забележат на улиците во Дебар. Најголемиот дел од нив беа жители од околните села кои дошле во Дебар по лекови и намирници, но останале заглавени во градот.
Празни улици на пладне во Дебар. Дебарчани се придржуваат на мерките и препораките од Владата заради коронавирусот.
Во Дебар денеска работеа само продавниците за храна. Сите вработени беа со заштитни маски и ракавици, според прописите за кризна состојба.
Пазарите празни - И пазарџиите и дебарчани денеска останаа дома.
Кризниот штаб во Општина Дебар секојдневно заседава, со целосна заштитна опрема.
Општинските власти и екипите задолжени за спроведување на кризните мерки денеска на состаноци со неопходната заштитна опрема.
Согласно мерките за кризна состојба, припадници на МВР се поставени на влезот и излезот од Дебар.
Единствените двајца пазарџии денеска во Дебар беа на пазарот само во претпладневните часови.
Надлежните органи во Дебар на состанок за кризната состојба во градот.
Сите угостителски објекти во градот ги почитуваа мерките и препораките од Владата.
Дебарчани велат дека не се исплашени, но дека се придржуваат на мерките од Владата и СЗО.
Затворен берберски дуќан во Дебар - Освен дел од продавниците за прехрамбени продукти, најголемиот дел од другите локали денеска беa затворени.