Европската фудбалска асоцијација УЕФА одлучи да се прекине натпреварувањето во Лигата на шампионите и во Лига Европа поради кризата со коронавирусот. Мечевите што требаше да се играат на 17 и 18 март се одложени, како и жрепката за следното коло, што беше закажана за 20 март. Ова се однесува и на натпреварите во осмина-финалето од ЛШ - Манчестер сити-Реал Мадрид, Јувентус-Лион, Барселона-Наполи и Баерн-Челзи.
УЕФА за следниот вторник закажа итен состанок на сите 55 членки, на кој ќе се дискутира дали ќе се одложи Европското првенство, евентуално за 2021 година.