Тестовите на коронавирус на четирите лица од Струмица, поврзани со првата пациентка, извршени вчера попладне, се негативни, соопшти денеска Министерството за здравство.
Во соопштението се посочува дека биле тестирани и други осум сопатници на истата пациентка од Скопје и нивните резултати беа негативни на коронавирусот.
Практично, сите сопатници од комбето на првозаболената кои во изминатите две недели беа во домашна изолација се негативни на вирусот, се додава во соопштението.