Министерството за вантрешни работи соопшти дека од утре ( 12 март ) ќе биде затворен граничниот премин Прохор Пчински согласно препораките на Владата во врска со коронавирусот. Станува збор за премин кој Србија и ќе биде затворен за патници и возила.
„Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на Заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево“ се вели во соопштението објавено на интернет страницата на МВР.
До ова доаѓа откако Србија на владина седница донесе низа мерки за заштита од коронавирус, а меѓу другите реши да затвори 44 мали и повремени гранични премини. Сите патниците, возила и товарни возила ќе бидат пренасочувани кон главните гранични премини.
МВР ќе казнува за лажни вести за коронавирусот
Претходно, од македонското министерство за внатрешни работи соопштија дека ќе се санкционира корисници на социјалните мрежи кои споделуваат и шират непроверени, односно „лажни“ вести околу вирусот Ковид 19, со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните.