Стејт Департмент: Висока корупција и ограничена независност на судството во Северна Македонија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Ограничената независност на судството, политизираниот Судски совет и несоодветното финансирање, што и натаму ја спречуваат ефикасноста на корупцијата се дел од проблемите кои се нотирани во последниот извештај на Стејт департментот за човековите права што беше објавен денеска.Во него е наведено дека за човековите права сериозен проблем претставуваат и високата корупција и насилството кон ЛГБТ заедницата. Во земјата има законски казни за корупција на службените лица и финкционерите, но иако владата генерално го спроведува законот сепак има случаи на функционери кои се вклучени во корупција, пишува во извештајот.

„Владата постигнала напредок во почитување на слободата на медиуите и слободата на говор, но проблемите остануваат, меѓу кои и слабата независност на медиумите и насилството и заканите кон новинарите“ се вели во него.

На светско ниво значајни прекршувања на човековите права се регистрирани во Иран, Кина, Саудиска Арабија и Венецуела. Соединетите американски држави ги обвинуваат авторитарните влади ширум светот за сериозни „повреди и злоупотреби на човековите права“ за да контролираат какви било активности што можат да ја загрозат нивната моќ.