Министерството за внатрешни работи соопшти дека ќе се сакнционира корисници на социјалните мрежи кои споделуваат и шират непроверени, односно „лажни“ вести околу вирусот Ковид 19, со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните. Во нивното соопштение е наведено дека лажните вести што создаваат неоснована паника имаат долгосежни последици и врз општествената состојба, но и врз колективното здравје на граѓаните.
„Ваквите злоупотреби ќе бидат законски санкционирани затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника. Нема да има компромис во санкционирањето на оние кои свесно шират лажни вести“, велат од МВР.
Филипче: Два нови случаи на заболени од коронавирусот
МВР апелира до медиумите и корисниците на социјалните мрежи да се повикуваат единствено на официјално објавените податоци од надлежните институции.
Претходно министерот за здравство Венко Филипче изјави дека се евидентирани два нови случаи на заболени од коронавирусот со што бројот на заболени во земјава се искачи на 9.
СЗО прогласи пандемија на коронавирусот
Светската здраствена организација прогласи пандемија со коронавирусот и порачаа на владите да преземат мерки и механизми за делување во вакви ситуации.