Светската здравствена организација им порачува на владите дека е време за агресивни мерки сега откако ширењето на коронавирусот во светот достигна ниво на пандемија. Директорот на СЗО Тендрос Аданом Габриезус изјави дека со прогласувањето на пандемија, сите земји се повикани да разработат механизми за одговор при итни случаи.
„Во последните две недели бројот на заразени со коронавирусот надвор од границите на Кина се зголемува. Бројот на земји, кои пријавија случаи позитивни на овој вирус, се триплираше. Во моментов имаме 118.000 заразени во 114 држави во светот. Вкупно 4.291 лица досега ги загубија своите животи, а илјадници други се борат за своите животи низ болниците“, изјави Габриезус.
Тој при илустрацијата на сериозноста и брзината на ширењето на вирусот, ги наведе последните податоци од италијанските власти за евидентирани 12 462 заболени од Ковид 19 во Италија и 827 смртни случаи.
„Подготвените ги вашите болници, заштитувајте ги и обучувајте ги здравствените работници и сите да внимаваме, затоа што сме си потребни едни на други“ е дел од советот што тој го упати до сите влади.
Тој додаде дека во следниов период се очекува борјот на заразени да се зголемува.