Мерките за превенција од коронавирусот може да ја пролонгираат школската година

Архивска фотографија, ученици во битолско училиште

Училишната година не мора да заврши на 10 јуни, изјави денеска на прес-конференција министерот за образование Арбер Адеми. Тој во врска со владините мерки да се прекине наставата на 14 дена заради коронавирусот истакна дека законот е јасен за тоа колку наставни денови се предвидени во една училина година како и за тоа што треба да направат надлежните институции кога имаме прекин на наставата поради епидемија и вонредни состојби.

„Имаме две опции. Училишната година не мора да заврши на 10 јуни. Втората опција е подготвување на скратени наставни програми. Пред да се определиме за која било опција треба да се измени и дополни годишниот календар за организирање на настава. Така што образовните институции ќе бидат благовремени известени од нашата страна. Ова изменување и дополнување на календарот може да се направи и сега и по 14 дена, зависно со какви ситуации и состојби ќе се соочиме“ изјави Адеми.

Филипче објави нови мерки за заштита од коронавирусот и за ослободување од работа

Тој посочи дека средните училишта наставата може да ја организираат за време на викенди или со скратени програми. Адеми апелира до општините и до самите раководства на училиштата да организираат дезинфекција на образовните институции, конкретно на основните и средните училишта.