„Значи, симптомите што ги имав се како нормална настинка, како грип. Имав малку треска, главоболка, општа непријатност“.
22-годишниот Нил Монро беше позитивно тестиран на коронавирус откако се врати во Барселона од Милано.
Но, тој е млад и здрав, и брзо го надмина тоа.
„Јас би сакал да ги уверам луѓето. Ако сте млади, следете ги препораките на надлежните органи, а ако сте постара личност или личност со претходна болест, тогаш преземете повеќе мерки на претпазливост. Обидете се да не присуствувате на големи настани и обидете се да имате многу добра хигиена на рацете“.
За среќа на 65-годишниот Клаудио Кончели, неговиот случај на вирус исто така беше прилично умерен.
Тој е градоначалник на градот Нембро во северна Италија, која е најпогодена земја во Европа.
„Веројатно, поради мојата улога како градоначалник и затоа што во различни околности, веројатно се сретнав со некој кој се заразил со овој вирус. За среќа, мојот случај беше апсолутно позитивен затоа што, по три дена висока температура и едноставно земајќи антипиретик, веќе немам симптоми“.
Иако е можно симптомите да не полоши од еден сезонски грип, за некои, најлошиот дел е стравот од пренесување на коронавирусот.
Јакоб Тага Рамлинг беше првиот човек во Данска со коронавирус, откако се врати дома од одмор во северна Италија.
Сега тој е опорaвен ... но препознава колку е опасен вирусот за постарите лица и за оние со здравстевни проблеми.
„Не сакам да бидам оној што разболува други луѓе. Затоа, тоа беше мојата најголема загриженост и мислам дека тоа е најголемата грижа за сите, дека не сакаме ова нешто да се шири повеќе од можно, затоа претпочитам да останам дома, уште една недела или уште две, па дури и подолго, ако можам да спречам некој да ја добие оваа болест“.