Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата на Централниот комитет на партијата ги објави носителите и кандидатите на листите за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. Според него, 95 отсто од нив се нови имиња и се дава шанса на нова генерација која треба да се избори за својата иднина.
Носител во изборната единица 1 е професорката Гордана Силјановска Давкова, која беше и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на последните избри. Потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски е носител во изборната единца 2. Во третата изборна единица носител е генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. Уште еден потпретседател на партијата Александар Николовски е носител, овој пат во четвртата изборна единица. Оперскиот пејач Игор Дурловски е првото име на листата во петата изборна единци, а во шестата, Дафина Стојановска, досегашна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ. Давкова и Дурсловски, како што порача Мицкоски се натпартиски имиња.
Политичките партии имаат рок до 12 март да ги поднесат кандидатските листи до ДИК.