ЗНМ до медиумите: Без непотребна паника за коронавирусот

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски

Здружението на новинарите на Македонија денеска преку соопштение информира дека се придружува на повикот на Европската федерација на новинари (ЕФН) во апелот до медиумите да известуваат одговорно и да избегнуваат создавање неоправдана паника во јавноста при известувањето за коронавирусот (Ковид-19).

Како што наведуваат од ЗНМ, новинарите и медиумите имаат одговорност да се придржуваат до етичките правила при своето работење и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника во јавноста. Тие имаат обврска да отстапат простор на експертите кои се квалификувани да коментираат за ваквите чувствителни прашања.

ЗНМ им порачува на граѓаните да внимаваат од кои медиуми се информираат за овие теми и предност да дадат на медиумите кои се дел од регистарот на професионални онлајн медиуми, стои во соопштението.