Професорите на Економскиот факултет во Скопје Славе Ристевски и Драге Јанев се осудени на 2 ипол, а нивниот колега Бобек Шуклев на две години затвор за случајот „Еразмус”, односно за земање пари од студенти за полагање на испити. Демонстраторот Драган Денковски доби условна казна од две години, а професорот Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинението.
Судечкиот совет денеска покрај затворските казни, на осудените им изрече и мерка забрана за вршење дејност од 10 години.
Обвинителството ги товареше обвинетите дека во повеќе наврати во 2015 и 2016 година, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела.
Обвинетите професори Бобек Шуклев и Славе Ристески се товарат за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание, Стојан Дебарлиев за злоупотреба на службената положба и овластување, а демонстраторот Драган Денковски за давање поткуп.