Во Холандија денеска започнува судскиот процес за соборувањето на малезискиот авион во источна Украина во 2014 година. За падот на авионот се обвинети тројца Руси и еден украински државјанин. При падот на авионот, на територијата контролирана од сепаратистите, загинаа 298 патници и членови на екипажот. Осомничен се руските државјани Игор Гиркин, Сергеј Дубински и Олег Пулатов, како и украинскиот државјанин Леонид Карченко. Тие се товарат за убиство на патниците и екипажот на летот МХ17 на „Малезија Ерлајнс“, кој леташе од Амстердам кон Куала Лумпур. Осомничените беа на високи позиции во сепаратистичкиот регион, кој е поддржан од Русија. Сепаратистите се борат со украинските владини сили во источна Украина од пролетта 2014 година. Повеќето од жртвите биле Холанѓани, меѓу загинатите имало и 43 Малезијци и 38 Австралијци.