Во Бугарија регистирани четворица заразени со коранавирус

Во Бугарија се регистрирани првите случаи на заразени со коронавирус. Пријавени се двајца мажи заразени во Плевен и две заразени жени во Габрово, соопшти Националниот оперативен штаб на Бугарија.

Тие се хоспитализирани во своите градови и се во добра здравствена состојба. Веќе се испитуваат околу 40 лица кои биле во контакт со инфицираните. Се очекува Владата подоцна денеска да одржи состанок за вонредни состојби на кој ќе се разговара околу мерките за спречување на заразата.

Заразените лице не патувале во странство, а дополнително ќе се истражува кој бил нултиот пациент.

Бугарија веќе се бори со епидемија на грип со болници полни со пациенти.

Според Светската здравствена организација (СЗО), во 103 земји има регистрирано заразени со новиот коронавирус. Досега се заразени над 106 илјади случаи на глобално ниво, а околу 3.600 луѓе починале.