Во домашна изолација патниците и блиските на сопружниците со коронавирус

Венко Филипче

Во домашна изолација се патниците кои се превезувале задно со двајцата сопружници кај кои вчера е откриен корона вирусот, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој вели дека двајцата новозаразени од синоќа се наоѓаат на Инфективната клиника во Скопје и се во стабилна здравствена состојба со лесна форма на болеста, но поради возраста се во ризична група. Епидемиолозите во домашна изолација ставиле уште девет луѓе кои било во близина на сопружниците во нивното место на живеење.

Еден од патниците во автобусот со кој се превезувале заразените е жител на Албанија, а за неговиот идентитетот во текот на вчерашниот ден е известено албанското Министерство за здравство, рече Филипче. Тој информираше дека возачот во изминатите неколку денови повторно заминал на тура за Италија, а денеска се очекува да стигне во земјава.

Во автобусот кој на 27 февруари од Италија пристигнал во земјава имало 28 луѓе, од кои еден е возачот, еден е државјанин на Албанија и двајца заразени, што значи дека уште 24 други луѓе имале контакти со патниците што се сега заразени.

Филипче рече дека целосно е подготвен објектот за изолација во Демир Капија, кој е како дополнителен капацитет на инфективните одделенија во Штип, Велес и во Гостивар.

Вчера во земјата беа регистрирани два нови случаи на заразени од коронавирус, со што бројката на досега заразени е тројца пациенти.