Последни денови за кроење на кандидатските листи

Партиите ги интензивираат своите активности во пресрет на изборите закажани за 12 април. Партиите бираат кандидати, за што имаат уште неколку денови, оти според роковниците до 12 март треба да ги поднесат кандидатските листи до Државната изборна комисија (ДИК).

Од СДСМ велат дека на покрај изборот на кандидати, во партијата паралелно се одвиваат и разговорите со Беса во делот на утврдување на заедничките кандидатски листи. Разговорите на сите нивоа ќе се одвиваат се до Конгресот на СДСМ, до 9 март. Има интензивна работна атмосфера во СДСМ, велат од партијата, а ќе има и викендов, се до понеделник кога ќе ги заокружиме сите шест кандидатски листи. Пред Конгресот ќе се одржат состаноци на Централниот и на Извршниот Одбор.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата официјално листите со кандидати на пратениците за изборите на 12 април ќе ги презентира на јавен настан што ќе се одржи во среда на 11 март. Претходно кандидатите и носителите на листите треба да бидат потврдени на седница на Централниот комитет што ќе се одржи на 10 март во вторник.

ДИК донесе упатство за начинот и постапката за решавање на преговори. Новина е тоа што Комисијата ќе одлучува само за повреди на постапката на денот на гласањето и сумирање на резултатите и дека приговорите од учесниците на изборите односно нивните овластени претставници ќе бидат доставени до ДИК треба да содржат факти и конкретен опис на евентуалните неправилности. Тоа се со цел, како што истакнаа членови на Комисијата, да не се случи кој било од какви било причини да го злоупотреби процесот и да продуцира приговори без никаков основ и без никаква содржина.

ДИК доставила барање за предлози за членови во Избирачките одбори до четирите партии од власта и опозицијата кои на последните избори освоиле најмногу гласови – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Беса.