Поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден синоќа на гласањето во таканаречениот „супер вторник“ доби мнозинство од 14 сојузни држави за изборите за демократска претседателска номинација, но сенаторот Берни Сандерс ги доби Калифорнија и можеби Тексас и освои најголем број делегати.
Според досега преброените гласови, повеќе од сигурно е дека Бајден добива делегати од осум сојузни држави, вклучувајќи ги Минесота и Масачусетс. Сандерс победи во родниот Вермонт и во уште четири сојузни држави – Калифорнија, Тексас, Колорадо и Јута.
Бајден засега има освоено помалку делегати, или вкупно 337. Сандерс, пак, најверојатно ги добива таканаречените „бојни полиња“, државите Калифорнија и Тексас кои даваат над 640 делегати.
Во САД се одвиваат внатрешни избори на Демократската партија за избор на кандидат кој ќе му се спротивстави на претседателот Доналд Трамп на претседателските избори во ноември.