Агенцијата за контрола на заболувањата на Европската унија го зголеми нивото на ризик од коронавирусот КОВИД-19 од умерен на висок, рече денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
„Со други зборови, вирусот продолжува да се шири“, рече фон дер Лајен.
Инаку, според последните информации, во 18 земји членки на Европската унија, која има вкупно 27 членки, се регистрирани случаи на коронавирус. Комесарката за здравство на ЕУ Стела Кирјакидес прецизираше дека во тие 18 земји се регистрирани вкупно 2100 потврдени случаи на коронавирус.