Чешка ги стопира сите летови од градовите во северна Италија и од Јужна Кореја, а меѓународниот биатлон кој треба да се одржи неделава ќе биде без публика во обид да се спречи ширењето на коронавирусот, рече денеска чешкиот премиер Андреј Бабиш. Забраната за летовите од италијанските градови Милано, Венеција и Болоња ќе трае две недели со можност за продолжување, соопштија чешките власти. Во оваа централно европска земја вчера беа регистрирани првите три случаи на заболени со коронавирус, сите поврзани со патување во Италија.