Едроган и Путин неделава на средба за ситуацијата во Сирија

Архивска фотографија- турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин на петти март ќе се сретнат на разговори во Москва поради зголемените тензии во Сирија, соопшти турското претседателство. Официјална Анкара вчера потврди дека почнале воена офанзива против сириските сили поддржани од Русија. Ова следува по зголемените судири во последното упориште на бунтовниците Идлиб.

Последната ексалација се случи по убиството на 34 турски војници минатата недела.Турција, пак, уби 19 сириски војници во нападите со дрон на први март и урна два владини воени авиони.

Турција и Русија, кои поддржуваат спротивни страни во Сирија, претходно се согласија да работат на намалување на борбите во Идлиб и да создадат демилитаризирана зона. Путин вчера за руската агенција ТАС изјави дека Русија не планира да војува со никого, но дека сака да ги одврати другите земји да влегуваат во конфликт со Москва.