Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел утре ќе ја посетат грчко- турската граница кај Еврос. Како што јави МИА од Атина, ова го објавил Мицотакис на официјалниот „Твитер“ профил.
Границите на Грција се надворешни граници на Европа. Ќе ги заштитиме. Ќе го посетам Еврос, копнената граница со Турција со Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет. Уште еднаш, не се обидувајте да влезете нелегално во Грција- ќе бидете вратени назад, напиша грчкиот премиер на „Твитер“ синоќа, по завршувањето на владиниот совет за национална безбедност.
Во текот на вчерашниот ден, од шест часот наутро до 18 часот попладне, според грчки владини извори, на грчко- турската граница кај Еврос, биле регистрирани околу 5500 спречувања на влез во Грција на нелегални мигранти, а 60 лица биле уапсени.