Насобраната група во неутралната зона на граничниот премин меѓу Грција и Турција, но од турска страна, го разни предмети ја нападнале грчката полиција, која одговорила со солзавец и шок бомби, за мигрантите и бегалците да се повлечат. Во инцидентот е повреден еден полицаец, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчката полиција се обидува да спречи нов влез на бегалци и мигранти на грчка територија. Приливот на мигранти уследи по најавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе ја отвори границата и ќе им дозволи на мигрантите да влезат во Европа.
Ситуацијата, пак, на бугарско-турската граница е мирна, а бугарската Влада тврди дека не ја минал ниту еден илегален мигрант. Спречени се само спорадични обиди за преминување на границата, пренесува БГНЕС.
„Во моментов ситуацијата е мирна“, изјави бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, додавајќи дека е политика на Бугарија е да не се дозволи влегување на мигрантите.
Бугарија во петокот распореди дополнителни трупи на границата со Турција, а Каракачанов најави распоредување на дополнителни 1.000 војници во случај на потреба.