Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска побара од Русија и Сирија да сопрат со офанзивата во Идлиб. По состанокот со амбасадорите на земјите членки на алијансата тој рече дека НАТО е солидарен со Турција.
"Ги повикуваме Русија и сирискиот режим да престанат со нападите, да запрат со воздушните напади и целосно да го почитуваат меѓународното право“, рече Столтенберг на прес конференцијата.
Тој нагласи и дека бараат од Сирија и Русија целосно да се вклучат во напорите предводени од Обединетите нации да се дојде до мирно решение на конфликтот во Сирија. Северноатланскиот совет се сретна денеска на барање на Турција по зголемените тензии до коидојде откако најмалку 33 турски војници беа убиени во воздушен напад во Сирија од, како што тврди Анкара, сириските сили поддржани од Русија.