Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во период на зголемени тензии денеска телефонски разговарале за спроведувањето на договорите за сириската провинција, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. На прес конференција во Москва тој кажа дека двете земји се спремни да продолжат со координацијата за Идлиб. До тензиите дојде откако најмалку 33 турски војници беа убиени во воздушен напад во Сирија од, како што тврди Анкара, сириските сили поддржани од Русија.Турција, која е земја членка на НАТО, разговараше со дел од своите сојузници, а алијансата денеска ќе одржи и состанок.