Турција одлучи веќе да не ги спречува сириските бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европа по копно и море, изјави турски официјален претставник. Изјавата беше дадена во период на масовно движење на бегалци од сириската провинција Идлиб, каде што има милион раселени лица.
„Турската полиција, крајбрежната стража и граничарите добија наредба да се држат настрана“, рече тој за западни медиуми.