Долниот дом на шпанскиот Парламент изутринава го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.
За ратификацијата на својот Фејсбук профил напиша шефот на дипломатијата Никола Димитров.
„Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа ЗА и 1 глас против! Muchas Gracias! Следната и последна станица: Сенатот“, напиша министерот за надворешни работи.
Шпанија е последната земја од членките на НАТО, која се уште не го ратификувала Протоколот. Процесот таму се оддолжи поради изборите и формирањето на Владата. При посетата на Димитров на Шпанија претходно месецов тој рече дека очекувањата ссе дека целата постапка би требало да заврши до крајот на март.
Инаку, протоколот кај нас беше ратификуван со одложено дејство, заради распуштањето на Собранието и предвремените парламентарни избори.