Американскиот претседател Доналд Трамп ќе побара 2,5 милијарди долари за борба против епидемијата на коронавирусот откако бројот на потврдени случаи се зголеми што предизвика потреси на финансиските пазари од Соединетите Американски Држави до Италија и Германија.
Белата куќа соопшти дека повеќе од милијарда долари ќе бидат потрошени за развивање на вакцина за заштита од коронавирусот кој почна во Кина, а од кој низ светот се заразени околу 80 000 луѓе.
Останатите пари ќе бидат искористени за поддршка на подготвеноста, одговорот и набавување на опрема и средства за справување со заболувањето, соопшти Белата куќа. Во меѓувреме, акциите на берзите Вол Стрит, во Германија и во Италија паднаа, а се намалија и цените на нафтата.