Побарано затворање на границата со Турција поради корона вирусот

Затворање на границата со Турција во обид да се спречи ширење на новиот корона вирус преку бегалците и мигрантите кои пристигнуваат во Грција, побара префектот на островите од северниот дел на Егејско Море, Костас Муѕурис од грчката Влада, јави МИА од Атина.

Побаравме од Владата да ја запечати нашата граница на исток, за да се избегне пренесување на корона вирусот, кој опасно ни се приближува. Одговорните мора итно да одговорат, напиша Муѕурис на неговиот официјален Фејсбук профил.